Лазареска Геровска: Министерството за правда ќе формира работна група за измена на Изборниот законик

„Министерството за правда ќе оформи работна група во која ќе членуваат 12 членови и притоа 6 од нив се политички партии. Се надеваме дека до средината на декември сите ќе донесат номинации и ќе успееме да ја формираме. Европската комисија исто искажа желба да биде член или набљудувач на работната група, истакна Радмила Лазареска Геровска од Министерство за правда, на панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“.

Таа додаде дека мандатот е да се применат сите пораки на ОБСЕ и да се размислува на промена на изборниот модел.

Министерот Маричиќ се обврза да направиме измени на изборниот законик, јас би сакала да се направи чист изборен законик, но тоа е долг процес особено меѓу политичките партии, имаме воспоставено рамка до јуни 2021 и овој Закон треба да помине дотогаш во Собрание, до мај треба да доставиме предлог закон, кој се надевам дека ќе влезе во собраниска процедура.

Да бидеме реални со фактичка работа не верувам дека ќе се почне пред средината на декември“, потенцираше Лазареска Геровска.

This post is also available in: Albanian