ЏЕЛАЛ НЕЗИРИ, новинар
Една земја без слобода на медиуми не е сигурна, нема одржливост и има една нејасна иднина. Што носи медиумскиот мрак кој имавме можност да го видиме во земјите од комунистичкиот блок? Поголем дел од нив во 90-те години се соочија со социо-економски колапс што доведе до страшни конфликти.
Онаму каде што нема слобода на медиуми нема ниту индивидуални слободи, ниту достоинство за човекот кој живее таму. Таму човекот е само статистика во функција на власта. Слободата на медиумите е показател дека политиката, државата и општеството немаат ништо за криење, дека немаат теми кои не смеат да се отворат и дека немаат политичари кои не смеат да се критикуваат за девијациите.
Затоа мислам дека 3 мај не е важен ден само за медиумите и новинарите, туку за сите тие кои ги негуваат демократските вредности. Слободните медиуми може да не бидат совршени, но тие се чувари на безбедноста и благосостојбата на граѓаните.