Државната изборна комисија денеска и официјално ги објави бројките на собраните потписи за кандидатите кои планираат да учествуват на председателските избори. Најактивни во давање поддршка за претседателските кандидати воопшто биле граѓаните со право на глас во Тетово каде за различни кандидати се потпишале вкупно 6.862 граѓани. Од нив 4.043 се потпишале за Блерим Река, 2.089 за Стево Пендаровски и 619 за Гордана Силјановска.
Другите кандидати добиле едноцифрена бројка на потписи. Втор град со поголем број на дадени потписи, вкупно 5.238 е Куманово. Таму најмногу давале подршка за Пендаровски 2.939, а Сиљановска и Река имат собирано сличен број на потписи 1.109, односно 1.071. Во Велес кандидатот на владината коалиција добил поддршка од 2.769 граѓани и граѓанки, кандидатот на македонската опозиција 1.619, а на оваа општина 19 лица се потпишале и за кандидатот на албанските опозициски партии.
Во Чаир потпишани се вкупно 4.380 гласачи, од кои најмногу или 1.974 за Стево Пендаровски и 797 за Блерим Река. Во Чаир трет е Амди Бајрам кој иако се откажал од кандидатурата, собрал 943 потписи, а по него на листата се наоѓа Гордана Силјановска со 602 потписи.
Официјално, Стево Пендаровски собрал најголем број потписи, или вкупно 31.729 потписи, втора е Гордана Силјамовска со 15.926 и трет Блерим Река со 11.128 собрани потписи. Другите кандидати не успеале да собират ни 15% од потребните 10.000 потписи.
А. Зеќири