ЦИВИЛ - Центар за слобода во четврток, на 28 септември, ќе ги додели последните пет награди за најдобрите прилози на граѓански новинари, од втората фаза на спроведувањето на долгорочниот проект „Граѓански објектив“.
Настанот за доделување на наградите ќе започне во 11 часот во хотелот „Сити парк“.
Учествувајте во проектот #ГраѓанскиОбјектив, станете дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари ширум светот, кои го менуваат општеството. Со вашето видео или фотографија на тема кршење на човековите права и слободи, злоупотреби и неправди, придонесувате кон поодговорни и потранспарентни институции.
Воедно, станувате потенцијален добитник на една од петте интересни награди за граѓанско новинарство, кои ЦИВИЛ ги доделува секои два месеца. Учеството може да биде и анонимно.
Бидете дел од последниот циклус на наградени стории во вторатат фаза на проектот.
Крајниот рок за доставување на стории на граѓански новинарки и новинари е до утре 27 септември напладне.
Покрај горенаведените теми, можете и да ни пратите видео и за иницијативата #БарамОдговор. Идејата на оваа иницијатива е, преку видео или селфи видео, граѓанките и граѓаните да постават прашање до политичар/политичарка или јавна личност, а снимката ЦИВИЛ ќе ја објави на своите онлајн канали. Доколку прашањето е провокативно или едноставно, граѓан(к)ите сакаат да останат анонимни, оставена е опција да се снима објект или некоја ситуација, додека се поставува прашањето.
„Граѓански објектив“ е проект на ЦИВИЛ кој веќе втора година им отвора можност на граѓанките и граѓаните да ги објавуваат своите стории слободно и без цензура.
Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.
This post is also available in: Albanian