Лидерка на ДОМ, Маја Морачанин на конференцијата „Зелено општество за сите“, вели дека поголемиот дел од граѓаните под зелени вредности подразбираат заштитата на животната средина и климата. Но, зелени вредности се почитување на правото, антинационализмот, социјална правда, хуманост, солидарност…
„Ние веќе почнавме да ги живееме климатските промени. Политичарите секогаш се правдаат дека немаат доволно финансиски средства. Но треба да направиме акции и планови да се спречат катастрофите.
Треба да имаме социјално праведна транзиција, треба да се води сметка за ранливите категории и жените“, вели Морачанин.
Таа додаде дека Северна Македонија се обврзала да води грижа за животната средина. Треба да има поголема координација меѓу централната и локалната власт во однос на заштита на животната средина. Треба да се вклучи целиот потенцијал што го имаме за да се имплементираат овие стратешки цели.