Митев со порака до штипјани: „Сега имате избор, ништо не ветувам, но можам многу да направам“

Независниот кандидат за градоначалник на Штип, Трајче Митев, вчера на панел дискусијата на ЦИВИЛ за предвремените локални избори закажани на 13 декември, истакна дека предизборниот процес беше катастрофален, односно не е задоволен од институциите како што се Државната изборна комисија и Општинската изборна комисија кои му правеле опструкции, меѓутоа во овој момент е задоволен како се одвива изборната кампања. Тој истакна и дека изборниот законик е како „швајцарско сирење“.

Митев додаде дека поденакво ќе се бори да има здрава животна средина, чист воздух и вода за сите граѓани, подеднакво.

Тој најави чистка во локалната самоуправа, односно да се расчисти со неквалификуваните партиски кадри.

„Прво што би направил е да се сменат филтер цевките што излегуваат во градот. Изградбата на браната Отиња ја подржувам, но се сомневам во реализацијата“, истакна Митев.

Тој додаде дека нема многу „да такса“ оти колку му е чергата толку ќе ги пушта нозете, бидејќи оваа криза  не е само здравствена, туку и економска.

Митев упати порака до граѓаните „сега имате избор, ништо не ветувам, но можам многу да направам“.

Дехран Муратов
камера: Атанас Перовски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски