Истрефи: Треба да градиме зелено општество за сите во Западен Балкан, така ќе имаме поголема меѓусебна соработка, почитување

Астрит Истрефи од Балкан Форум, Косово, вели дека во Балканот нема мир туку има недостаток на војни. Тој ги истакна тензиите што се случија неодамна меѓу Србија и Црна Гора, како и меѓу Србија и Косово каде што имаше активирано и воени авиони и возила.

Конференција „Зелено општество за сите“, 28 октомври 2021, Скопје.

Не можеме да бидеме само гледачи во нашата земја додека национализмот расте. Тоа сериозно делува во нашите општества.

„Во време на политичките кампањи се користи националистичка реторика. Повеќе всушност немаме локални избори, сите имаат големи сништа, идеологии…

Зелената агенда е крајно политичка агенда. Од градење на зелени енергетски места, дозволи, гас… Никој не мисли на граѓаните туку се прават пресметки кој какви добивки ќе има.

Треба да градиме зелено општество за сите во Западен Балкан, така ќе имаме поголема меѓусебна соработка, почитување…“, истакна Истрефи. .