Мониторинг: Злоупотреба на деца во промотивен спот од ДУИ

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележува и злоупотреба на деца во изборната кампања. Се работи за промотивен видео спот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во кој што се појавува со неговата мала внука.

ЦИВИЛ бара од партиите, но и од родителите да ги почитуваат правата на децата и да ги остават надвор од политиката! Децата и малолетниците никако не смее да се злоупотребуваат за политички цели и да се вклучуваат во кампањите на политичките партии.

„За секоја злоупотреба на децата, бараме соодветна законска реакција од институциите и ја повикуваме јавноста остро да ја осуди и отфрли злоупотребата на децата и малолетниците“.

Во пресрет на предвремените парламентарни избори на 15 јули, ЦИВИЛ ги повикува сите учесници во изборниот процес максимално да ги почитуваат добрите изборни практики, демократските стандарди и законските регулативи и да придонесат кон слободни, фер, демократски и безбедни избори.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ