На видеото објавено на Фејсбук страницата „Сеир“, се забележува малолетно дете до кандидатот за градоначалник на општина Куманово, Тони Михајловски. На собирот е присутен и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, којшто танцува заедно со детето.
Според Член 12 став 4 од Закон за заштита на децата:
„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко и верско организирање и дејствување“.
ЦИВИЛ, како и досега, бара од партиите, но и од родителите да ги почитуваат правата на децата и да ги остават надвор од политиката! Децата и малолетниците никако не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во кампањите на политичките партии!
Мониторинг тим на ЦИВИЛ