Китанова: Пописната комисија е логистика на операцијата, толкувањата и методологијата се надлежност на ДЗС

Претседателката на пописната комисија за  реон 16, за општините Штип и Карбинци на панелот на ЦИВИЛ „Попис: Статистика да, политика не“, се осврна на техничкиот дел од  статистичката операција.

-Улогата на комисијата во пописот, е само да дава логистичка поддршка на Државниот завод за статистика во спроведувањето на пописот, нема стручно методолошка надлежност, туку сите толкувања за примената на законот, методологијата за пописот, се надлежност на Државниот завод за статистика.

-Комисијата учествува во информирањето на пописот и информирање на населението за пописот, презема мерки за навремено опфаќање на пописот, врши распределба на попишувачи и инструктори, обезбедување простории и итн. Податоците кои ќе бидат добиени ќе се користат за креирање на развојни политики, научни и други  истражувања. 129 попишувачи во делот на Штип и Карбинци, 13 лица за реонски инструктори, на јавен конкурс се пријавени 265 попишувачи, а 129 лица ќе бидат избрани списокот ќе биде објавен на 8 и 9 март и ќе бидат објавени и на страната на општината

Ќе се формираат групи од 12 лица кои ќе бидат тестирани со запазување на сите мерки и протоколи, тестирањето ќе биде на 12 и 13 март во големата сала на општина Штип. Доколку нема можност за извршување на сите должности, ќе се прави тоа во некое училиште. Обезбедени се простории за попишувачи, за тестирање, за складирање на материјали и за опремата која ќе ни биде доставена. Тоа е се од техничкиот дел за пописот, рече Китанова.

Во однос на коментарите, односно константните напади од опозицијата и дел од јавноста врз институцијата, Китанова порача дека таа како секретар на општина Штип, по таа функција е претседателка на пописната комисија за реонот 16, односно за општините Штип  и Карбинци, и според тоа , нема право да ги коментира притисоците од различните страни,  и како комисии, имаат обврска да му дадат логистичка поддршка на пописот, и во согласност со законот, немаат право да даваат какви било толкувања  за самиот закон, и дека сето тоа е во надлежност на Државниот завод за статистика.

-Нашата комисија е составена од професионалци, по струка дипломирани економисти, правници и геодетски инженери, како што бара законот, и ние ќе дадеме се од себе пописот во општините Штип и Карбинци да се спроведе  согласно сите насоки и законот, изјави Китанова.

Д. Тахири/ И.Крџиќ
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Мелиса Муриќ