Младите и носителите на одлуки на тркалезна маса во Центар

Тркалезната маса меѓу носителите на одлуки на Општина Центар и младите луѓе што се одржа во петок, во организација на Младински Сојуз -Крушево, им даде можност на младите да ги презентираат своите препораки до општината со цел подобрувањена нивната заедничка соработка.

Препораките беа изготвени од  тимот на Младинскиот сојуз – Крушево и експерти кои го спроведоа процесот на мапирање и оценување на локалните младински стратегии и механизми.

„Целиот проект и сите вие се трудите да им помогнете на младите но според мене најголемиот проблем е кај младите особено кај средношколците. Кога нам ни одговара сме „големи“, а кога не ни одговара сме „мали“, кога треба да се превземе нешто да се дојде на дискусија или на настан или пак да се направи нешто со што би се подобриле условите на самите средношколци тогаш сме презафатени, а кога ќе настане проблем или нема никакви промени е во тој случај виновниците се нашите родители, школото, општината.Кога ние како млади ќе станеме поангажирани и поактивни со самото тоа ќе направиме притисок и кај повозрасните лѓето на функција да бидат проморани да „ни удоволат“ и да ги исполнат нашите барања“, изјави Давид Стојановски од Цивил Млади.

„Ние ја направиве оваа канцеларија за малди чија осносна цел е да биде мост помеѓу младите и невладините организации од една страна и локалната самоуправа од друга страна односно иницирање, детектирање, мапирење на сите проблеми. Се останува на добра волја на градоначалникот, администрацијата и на советот на општина Центар, дали ке се финансираат програмите на советот на младите на општина Центар“, рече Емир Чорич, задолжен за локален економвски развој во Општина Центар.

„Од примарно значење е не само како да се вклучат младите во опшрина Центар, туку и во сите други локални самоуправи исто така од примарно значење и како да бидат младите вклучени во работата на нивните општини“,  истакна Иван Вчков, економски аналитичар.

„За жал само 58% од младите се информирани дека постои канцеларија за млади, околу 35% од младите воопшто не знаат за постоењето на овој физички простор (Канцеларија за млади на Општина Центар), а 4.2 % мислат дека нема канцеларија. Само 21% од 88 млади кои што го пополниле прашалникот ја посетиле оваа канцеларија, додека останатите 79% не ја посетиле и не се информирани“, изјави Климентина Гјоргјиоска од Малдински сојуз, Крушево.

Настанот беше дел од  проектот „Мојот град- пријател на младите“ чија цел е развивање на вештини на  претставниците на граѓанските организации и локалните младински совети од Крушево, Струмица и општина Центар во  Скопје за ефективно евалуирање на локалните младински политики и услугите во нивните заедници и поддршка во процесот на креирање на пријателски градови за младите.