Независниот кандидат за градоначалник на Штип, Трајче Митев, вчера на панел дискусијата на ЦИВИЛ за предвремените локални избори закажани на 13 декември, истакна дека предизборниот процес беше катастрофален, односно не е задоволен од институциите како што се Државната изборна комисија и Општинската изборна комисија кои му правеле опструкции, меѓутоа во овој момент е задоволен како се одвива изборната кампања. Тој истакна и дека изборниот законик е како „швајцарско сирење“.
Митев додаде дека поденакво ќе се бори да има здрава животна средина, чист воздух и вода за сите граѓани, подеднакво.
Тој најави чистка во локалната самоуправа, односно да се расчисти со неквалификуваните партиски кадри.
„Прво што би направил е да се сменат филтер цевките што излегуваат во градот. Изградбата на браната Отиња ја подржувам, но се сомневам во реализацијата“, истакна Митев.
Тој додаде дека нема многу „да такса“ оти колку му е чергата толку ќе ги пушта нозете, бидејќи оваа криза не е само здравствена, туку и економска.
Митев упати порака до граѓаните „сега имате избор, ништо не ветувам, но можам многу да направам“.
Дехран Муратов
камера: Атанас Перовски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски