Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера на својата Фејсбук станица објави фотографија од реконструкција на пат, со прашањето дали ова е градежната офанзива на владејачкиот СДСМ.
Неговата објава наиде на коментари и критики за ширење на лажни вести, бидејќи фотографијата која ја објавил Мисајловски е од Германија, за која пишувале и германски портали, и истата е направена во општината Киршдорф во покраината Баварија.
На ова реагираше и Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, кој на својата Фејсбук страница напиша:
„Има ли дно срамот на вмро-дпмне? Веројатно не, кога зборувам дека освен деструкција, лаги и манипулации друго не знаат и не ги бива за ништо мислам на ова!“.
А. П.