Граѓан(к)ите очекуваат цивилизирана кампања

„Очекувам фер и демократска кампања, без црна кампања и ниски удари, бидејќи сите кандидати се универзитетски професори. Меѓутоа политичките партии кои ги поддржуваат, на тоа темно поле ќе компензираат. Но, да се надеваме дека ќе има фер кампања, бидејќи крајно време е да се однесуваме како европјани“, вели една граѓанка на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Каква кампања се очекува?

Најголемиот дел од граѓан(к)ите на Скопје се оптимисти и очекуваат фер и демократска кампања, бидејќи како што велат „лекцијата ја научивме сите, вклучувајќи ја и државата и институциите“. Тие очекуваат мирни избори без никакви уцени, притисоци и црни кампањи.

Но, помал дел од граѓан(к)ите се песимисти и сметаат дека ќе преовладува нефер кампања.

Граѓан(к)ите се едногласни дека на државата и требаат демократски избори, каде што сите граѓан(к)и ќе можат слободно да гласаат за својот фаворит.

Диана Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа:Биљана Јордановска