Мемеди: Ние од Алијансата го поддржуваме овој попис и имаме впечаток дека државата ќе успее да го реализира

„Кога почна пописот за дијаспората, граѓаните од надвор ме контактираа дека пописот е почнат многу хаотично. Ние помагаме како политичка партија да има успех во пописот за граѓаните што живеат надвор“, вели Бесим Мемеди, претседател на советот на општина Гостивар на панел дискусијата на  ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“, која се оддржа која се одржа во Гостивар на 11 март 2021 година.

Во своето излагање, Мемеди се осврна на 3 клучни поенти како што се изгласување на пописот, политички аспект и за крај здравствениот дел.

„Од кога се изгласа законот дека ќе имаме попис, во општина Гостивар имавме 2 состаноци. Да бидам искрен не сме имале таква точка на дискусија во советот бидејќи советот нема таква ингеренција“.

„Од политички аспект, јас припаѓам во партијата Алијанса за Албанците. Ние од Алијансата го поддржуваме овој попис и впечаток ни е дека во државава ќе успее да се реализира овој попис„ истакна Бесим Мемеди.

Од здравствени аспекти, тој се сложи со колегата Марјан Силјаноски.

„Колегата има право дека се случува зголемување на бројките на ковид 19, но ако гледаме дека кога се изгласа законот, Македонија беше во време на втор бран на пандемијата да се рече условно, но сега повторно има зголемување и можеби ке влеземе во третиот бран. Но,не се согласувам со колегата Силјановски дека треба да се бојкотира, треба да се мотивираат луѓето да се реализира овој попис но по строги протоколни мерки“.

Мемеди како лекар предложи кога ќе се посетуваат куќите за попис, секако ќе се има увид во кои куќи има заболени од КОВИД-19, во тие домаќинства, тој апелира да се оди со сите превентивни медицински мерки.

И.К.

This post is also available in: Albanian