Анкета во Гостивар: Пописот може и во двор да се направи, нереални се повиците да се бојкотира

Гостиварчан(к)и се едногласни дека пописот треба да се спроведе и дека не треба да се бојкотира.

„Треба да се одржи пописот, да видиме кој сме и што сме. Тие што повикуваат да не ги примаме попишувачите дома, тие нема да доаѓаат по 100 души, ќе дојде 1 или двајца попишувачи. Еве, полн е градот со луѓе, ама тие што не сакаат да има попис кажуваат ‘ќе нè фати корона’, како ќе нè фати корона?, ние не сме затвореници па да не нè фати, кога по цел ден сме надвор. Кај мене ќе бидат добродојдени попишувачите, мора да се одржи пописот да знаеме што имаме во државата“, вели еден гостиварец, на прашањето на ЦИВИЛ – Кои ќе бидат придобивките од пописот, и дали ќе го бојкотираат?

Еден граѓанин од Гостивар вели дека треба да се знае демографската слика во државата. Тој вели дека ќе ги прими попишувачите дома.

Еден граѓанин кој живее во странство вели дека тој го оствари своето право преку апликацијата за самопопишување на граѓаните во дијаспората.

„Јас се попишав без никаков проблем. Ги повикувам сите да се попишат, бидејќи треба да се знае колку луѓе има тука колку се заминати во странство“, вели тој.

„Не се реални повиците да се бојкотира пописот. Зошто да се бокотира? Пописот се прави за нас, бидејќи ние сме државата“, вели друг граѓанин на Гостивар.

Еден граѓанин истакна дека повиците да не се отвара врата на попишувачите се само политички игри.

„Не може да се вадат на пандемијата, сега може надвор да се спроведе пописот убаво е времето. Треба да се направи пописот, нема никаква штета“, вели еден гостиварец.

текст и монтажа: Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски

This post is also available in: Albanian