Нашата организација се вика Силба, тоа е данска организација и е една од најголемите организации во Европа што води мисии за набљудување на избори.
Ние исто сме младинска организација, што значи дека покрај мисиите за набљудување, се фокусираме на зајакнување на демократските врски меѓу младите во Источна и Западна Европа што го правиме преку организација на овие мисии. Имаме млади луѓе, првично од Западна Европа, од 18 до 35 години и ги носиме на набљудување на избори, како на пример каде сме сега, во Северна Македонија, а претходно сме биле и во Албанија, Црна Гора, Србија… Се сретнуваме со локални граѓански организации, со меѓународни организации и учиме колку е можно повеќе за изборите, за политичката состојба и како тие две влијаат едни на други. На денот на гласањето нашите набљудувачи ги праќаме како мобилни набљудувачи, што значи дека набљудуваат од 10 до 12 гласачки места во еден ден. Тие исто така ги набљудуваат почетокот и крајот на гласањето. Ова е нашиот трет пат да набљудуваме избори во Северна Македонија, бевме тука во 2016 и 2014 година. Сега имаме 18 акредитирани набљудувачи во Северна Македонија и во недела ќе ги испратиме во тим по двајца, заедно со локален преведувач, кои се исто така студенти, и ќе испратиме 4 тима во Скопје, и јас ќе водам помала група од 3 тима во Куманово, за да добиеме различен поглед на тоа како изгледаат работите во Северна Македонија.
Очекуваме релативно мирен изборен ден, но јасно е дека има воведено нови технологии и системи и сакаме да видиме како тие ќе бидат применети.
Исто така сакаме да видиме што е можно повеќе различни етнички заедници, да видиме како изборниот ден ќе се одвива за различни етнички заедници во државата.
Силба е основана во 1994 година и првично беше проект за да ги засили демократските развои и образованието меѓу младите во Балтичките земји, но оттогаш се проширивме во Источна Европа, а сега се шириме и во Северна Африка и нашата мисија е да ги засилиме демократското образование и врски меѓу младите, се надеваме во целиот свет. Досега сме биле на 50 набљудувачки мисии, првично во Источна Европа, исто и на Кавказ регионот, и во Централна Азија, а подоцна годинава сакаме да бидеме и на избори во Данска, каде ќе имаме студенти од странство кои ќе учат во Данска и ќе ги набљудуваат изборите.
Ангела Петровска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Биљана Јордановска
фотографија: Марија Вишинова