Граѓанскиот новинар, Вулнет Махмути е добитник на втората награда за сторијата „Борбата за чист воздух е вистинска војна, со реални жртви!“ која во рамки на проектот „Граѓански објектив“ ја додели жири- комисијата на ЦИВИЛ.
„Како и на сите граѓани во Македонија, и мене ми пречи загадениот воздух, затоа одам на протестите за чист воздух. Тоа не е цел за која треба да се борат одредени луѓе, тоа е борба за сите, за идните генерации, не само за нас“, порача Махмути во разговорот за ЦИВИЛ Медиа.
Тој вели дека не толку наградите, туку фактот што може да се бори за вистината, му е вистински мотив да продолжи во потрагата по нови граѓански стории.
„Борбата за да ја кажам вистината, а преку ЦИВИЛ ми се овозможува да го правам тоа, и за мене тоа е поголемата цел. Наградите што ги добивам, оваа ми е втора, се мала мотивацијата, но кога вистината излегува на виделина, тоа е поголема мотивација“, вели Махмути.
Граѓанскиот новинар Махмути на сите граѓанки и граѓани им порачува „да не се плашат, да продолжат да ја кажуваат вистината, зашто вистината ќе победи“.
Новинар: Моника Талеска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента