Дозволи за движење за лицата со попреченост, со придружник, во период од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд, од 11:00 до 13:00 часот

Владата на Република Северна Македонија на денешната 38-ма седница на предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост.
За овие наши граѓани нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот.
Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.