На социјалните мрежи извесна Маријана Ѓорѓиева шири лажна вест и паника за наводни ризици и нуспојави по вакцинирањето против Ковид-19, споделувајќи фотографија, најверојатно од Бугарија, со коментар:
„После неколку часа од вакцина Астра зенека… Венко Филипче што ќе кажеш на ова?“, пишува Ѓорѓиева.
Оваа фотографија не е направена во нашата држава и не се работи за македонски граѓанин, односно оваа фотографија е објавена на неколку бугарски сајтови.
За ширење на ваквата лажна вест во време на пандемија и во тек на вакцинација на населението, дел од граѓаните на социјалните мрежи бараат да се уапси и кривично да одговара.
Според нејзините податоци на Фејсбук, пишува дека е од Велес и дека има завршено за медицинска сестра во Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип. Освен ако и овие податоци и се лажни?
На нејзина објава на Фејсбук на 09.04.2021 најави дека ќе зборува за здравјето, односно како што пишува: „Ќе се запознаеме со детоксикационата програма и пост ковид терапијата од производите на ТианДе“.
Пред неколку дена неколку антиваксери беа уапсени во Србија, а еден од уапсените антиваксери бил вакциниран против коронавирусот. Тие се уапсени за ширење паника и лажни вести на социјалните мрежи против вакцинацијата.
Д.М.