Експлицитен говор на омраза, закани по живот и пцовки од Грков на социјалните мрежи

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележа експлицитен говорн на омраза, закани по живот и пцости од Љупчо Грков, којшто се обраќа во живо на својот Фб профил.

„Види ја можам да поседам во странство, ако е пишано, ако не пишано, ако се изнервирам можам да се симнам долу и да скинам некоја глава. Каков Палевски, каков Бранко Црвенковски, какви глупости  не важи тоа ништо. Ајде ВМРОвци, СДСМовци напаѓајте ме. Не мора ние праведните да добиеме шанса, умрете вие со вашите партии. Ве к’нам, не ве к’нам вие сами умирате. Нек ве нема“, се само дел од зборовите кои Љупчо Грков ги упатува во своето обраќање во живо на фејсбук.

„Тие што сте по странство преживејте ако даде Господ живот, тие што сте во Македонија тешко на вас. Имаме продаден глуп народ. Сум го вреѓал народот, како тоа сум го вреѓал народот ја? Што треба да речам? Добри сте? За пари се продадовте“

„На Тито му избегаа конците. Ако има Господ здравје да ни даде, и среќа да ја лапнеме власта, да видите како ќе ги сокршам сите криминални структури, душата ќе им ја извадам, ќе плачат. Ништо нема да ми напраите бе како прво, како второ кога ќе си дојдам таму, како што ми е преку глава животов, народов ќе ме оправда, ќе ви земам некоја глава, да му е*ам крвта политичарска. Морам да измислам како да загинам за Македонија“.

Одговарајќи на коментари на фејсбук, Грков продолжува со закани по живот кон високи функционери.

„Нивните фамилии прво ќе ги суредам. Не смеат да чепнат моја фамилија. Чепнат ли… Заев имам еден куп слики бе, што бараат тие албански џипови ројко една. Спасовски што бараат албански џипови во Демир Капија, кои се тие човеци, грозје ли бараат ова време, маму ви е*ам арамииска. Ќе вреѓам додека не го предизвикам бунтот на народот. Од политиката сум нонстоп изнервиран, гледате како сум експлозивен ако ја земам власта душата ќе им ја извадам. Смејте се, смејте, кога ќе ве ис**сам многу убаво ќе се смеете. Политичари, ако имам ксмет, и ако народот рече добар и ви ја земам власта, душата ќе ви ја извадам, ако не еб**те си го народот, до кога? Ќе покаже времето…

Мониторинг тим на ЦИВИЛ