пишува: Лазар Ефремовски
Веќе подолго време, алармирам и разговарам со луѓе околу овој “феномен”. Лажни профили организирано поттикнуваат омраза и повикуваат на крв.
Најчесто таргет се политички неистомисленици, припадници на “друга” вероисповест или “друга” националност (Mакедонци, Aлбанци, Tурци, Rоми во зависност од сопствената припадност). Уште поалармантно е што голем дел од корисниците на социјалните мрежи, односно населението (веќе сите сме конзументи на овие пропаганди на еден или на друг начин) лесно потпаѓа под влијание на оваа пропаганда, поради различни причини.
Целта на ваквите лажни профили, таканаречени “ботови” е преку злоупотреба на моменталните случувања да се одржува, односно зголеми тензијата и да се обезбеди поделеност помеѓу населението од чисто профитерски аспирации.
Истите најчесто дејствуваат во групи и може да се регистрираат како реакции на:
– Политички постови
– Фејсбук групи (или некоја друга мрежа, платформа и сл.), креирани со цел извртување на реалноста и креирање на таканаречена алтернативна вистина
– Портали креирани со иста цел (извртување на вистината и со тоа креирање на јавно мислење, преку пласирање на лажни или полувистинити информации)
– Активности на социјалните мрежи на навивачките групи итн.
Што можеме да преземеме?
1. Никако не смееме да ги игнорираме.
2. Обавезно пријавувајте ги ваквите профили и коментари.
3. Не се воздржувајте да реагирате против говорот кој поттикнува омраза. Достоинствено секако. Нема потреба да се спуштаме на ова дно.
4. Разговарајте и дебатирајте со вашите блиски, или познаници кои ете од разно разни причини потпаднале под влијание на истите. Повторно, достоинствено секако.