Интернет порталот „Порталб“ пред две вечери објави анализа на прелиминарни резултати од евентуалниот исход од гласањето, и тоа за дел од политичките партии што се натпреваруваат за пратенички места на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули. Анализата е подготвена од Роберт Несими, политички аналитичар.
Порталите, блиски до одредена политичка партија, ја објавиле анализата, но, прикажале резултати на бројката на добиени мандати, во корист на партијата што ги контролира, односно, различни од тие што се прикажани во анализата на Несими.
Во предизборниот период се забележува зголемена активност на одредени интернет портали чиишто содржини се наменети исклучиво за ширење лажни вести и дезинформации, со намера да се создаде искривена претстава за одредени политички структури пред јавноста.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и разобличува лажни вести и дезинформации и дел од тие ги објавува на својата медумска платформа.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ