Партиите со изборни резултати од запечатени кутии

Изборниот процес за предвремените парламентарни избори започна вчера, со гласање на граѓаните заболени од Ковид-19 и се во домашна изолација.

Одредени партии и партиски активисти минатата вечер на социјалните мрежи  објавуваа резултати од вчерашното гласање  на граѓаните во самоизолација, со прикажување на бројот на гласови за своите партии.

Во Изборниот законик, во делот за Објавување на резултатите од изборите , во членот 135, став 1 и 2, е објаснето за објавувањето на изборните резултати, како и дека резултатите, во дадено време и на законски одреден начин, ги објавува Државната изборна комисија.

Член 135

(1) Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

(2) Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Останува прашањето како стигнале до конечните резултати според кои се одредува колку граѓани во изолација, гласале за одредени политички субјекти… ако истовремено се земе предвид дека гласањето е тајно. Со тоа се нарушува и тајноста на гласање.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и разобличува лажни вести и дезинформации и дел од тие ги објавува на својата медумска платформа.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ