Лажна вест е дека Македонците од дијаспората ќе останат непопишани поради спорото издавање на пасоши

Уште една лажна вест од кујната на лаги, овојпат порталот Република објави лага дека „десетици илјади Македонци кои живеат во странство може да останат незапишани на пописот, бидејќи доцни издавањето на македонските патни документи“.

Зоран Бојаровски, вработен во секторот за кoмуникaции, oтчетнoст и трaнспaрентнoст во Владата на Република Северна Македонија ја демантира оваа лажна вест и вели дека македонските граѓани кои се во странство ќе може да се попишат само со матичен број со регистрирање на веб-апликација која ќе биде дизајнирана за оваа намена.

„За сите наши сограѓани во странство за да се попишат доволен им е само матичниот број и да се регистрираат во веб апликацијата што ќе биде подготвена за оваа намена. Кујната на лаги е пуштена на најсилно, од минатата недела до денеска изброив 10 лажни вести“, пишува Бојаровски.

Д.М.