Општина Велес според истражувањата на граѓански организации што работат на полето на транспарентност и одговорност, вклучувајќи ги локалните здруженија на граѓани, високо котира на листата на општини со активна транспарентност.
Општина Велес и градоначалникот Аце Коцевски се задоволни од начинот на кој ги пласираат информациите во јавноста. И покрај тоа што постои простор за подобрување, грдаоначлникот е осбено задоволен од соработката со граѓанскиот сектор. Од друга страна, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чии претставници во Советот на Општина Велес имаат ингеренции во однос на проектите и програмите на Општината не се задоволни. Како што изјави за ЦИВИЛ Медиа, Нада Трајкова, координаторка на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Велес, кварталните извештаи, ребалансите, извештаите на сите јавни претпријатија што се под ингеренции на Општината и слични документи не се ставаат на веб страницата на Општината, а јавните расправи не се доволно посетени.
Како трета страна и најобјективната во случајот, разговаравме со граѓанската активистка и новинарка Славица Ќучукова Николова од Велес, која има долгогодишно искуство во мониторирање на работата на Општината во повеќе сегменти.
„Сакам да го споделам искуството од истражувањето што години наназад Центарот за граѓански комуникации го работи за да ја измери активната транспарентност на инситуциите во државата. Оваа година Општина Велес беше меѓу првите десет институции со 83% исполнетост на критериумите што беа поставени за активна транспарентност. Активната транспарентност што самоиницијативно институциите го објавуваат на своите веб страници. Секако има можност за подобрување. Морам да кажам дека Општина Велес во последните години, независно од промена на локалната власт и градоначалниците, високо котирала на листата за активна транспарентност. Од друга страна, како недостаток е што информациите кои ги споделува Општината се најчесто преку нејзината веб страница што се ажурира и преку социјалните медиуми, односно Фејсбук. Мислам дека недостатокот е всушност што моментално на територија на Велес нема традиционални медиуми. Двете локлани телевизии и радиото немаат информативни програми. Има и два протала, што ја остава Општината да најде други начини за комуникација со граѓаните за да ги пренесе информациите до пошироката јавност, затоа што сите целни групи не стигаат до нив“, објасни Ќучукова Николова.
Со оглед дека постарите лица не користат онлајн медиуми, таа смета дека пристапот треба да биде поинаков во недостиг на традиционалните медиуми или како на времето кога билтените на општината доаѓале, на пример, со сметка за вода.
„Инфoрмациите стануваат подостапни, особено за важни прашања, кога Општината прави јавни настани во соработка со граѓанските огранизации. Низ годините сме имале искуство кога се правеле такви партнерски организации на настани каде присуството било големо. Но, и тогаш помагале телевизиите што сега не е случај“, изјави Ќучукова Николова.
Општина Велес е транспарентна и пристапна, но сепак можност за унаредување постои. Градоначалникот смета дека Општината прави сè во рамки на своите можности и средства со кои располага, опозицијата на локално ниво останува незадоволна, а граѓанскиот сектор смета дека за разлика од други општини, Велес, сепак е за пофалба.
Биљана Јорднаовска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Маја Ивановска