Скопје забрзано се чисти, за да се остави што поубава слика пред очите на туристите кои овие денови ја сардисаа престолнината, поради утрешниот Супер куп натпревар меѓу „Реал“ и „Манчестер Јунајтед“.
Граѓански новинар кој сакаше да остане анонимен, испрати до ЦИВИЛ видео-снимка на која неколку работници чистат отпад, на сувата површина околу изградбата на Панорамското тркало, додека истовремено, контејнер за ѓубре, „плива“ по раката „Вардар“.