ЦИВИЛ – Центар за слобода го соопшти и датумот кога ќе се затвори онлајн апликацијата за пријавување на заинтересираните краткорочни и долгорочни набљудувачи на изборниот процес. Конкурсот беше отворен на 14 февруари, а ќе биде затворен на 6 март во 17 часот.
Предност за учество на овој конкурс имаат оние што веќе биле набљудувачи за организацијата во претходните изборни процеси, како и оние што ги посетувале семинарите за граѓанско новинарство. Сепак, сите заинтересирани треба да пополнат апликација, а посебна комисија ќе ја изврши финалната селекција. Едно од правилата е дека не може да се биде набљудувач за две организации истовремено. Партиски активисти немаат право на учество во овој повик.
ЦИВИЛ Тим за комуникации