Прес конференција на ЦИВИЛ во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права и 20-годишнината од основањето на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција во недела, 24 ноември, во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот. Средбата со медиумите се одржува во пресрет на големиот број настани што се организираат почнувајќи од 29 ноември, па сѐ до крајот на декември. Голем дел од активностите се организираат во чест на Меѓународниот ден на човековите права и 20-годишнината од основањето на ЦИВИЛ.

Голема конференција со учество на претседателот Стево Пендаровски и најистакнатите лидери на граѓанското општество, ќе се одржи на 29 ноември, панел дискусија по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на правата на лицата со посебни потреби, мултимедијален фестивал по повод 10 Декември, Меѓународниот ден на човековите права, активности поврзани со борбата против корупцијата, изборниот процес, предизвиците и перспективите на Северна Македонија во идната година, се само еден дел од настаните и активностите чиј носител е ЦИВИЛ во претстојниот период.

Како и секогаш, настанот е отворен и за сите заинтересирани граѓанки и граѓани.

This post is also available in: AlbanianEnglish