Пред Собрание се горат гуми и пластика

Неколку демонстранти го загушија Скопје. Палат гуми палети и ѓубре пред македонското Собрание!, објави еден граѓанин на Твитер.

Граѓанка објави кратко видео на Твитер каде што пишува: „Се гори на отворено, се гори пластика, пред Собрание на Р. Македонија, пред очи на MВР. Никој не реагира од институциите, дури ни лекарите од соседната болница. Луѓево не се ни опоменати дека не смеат и дека е штетно. Јас реагирав“.