Конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ во организација на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) и во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, ќе се одржи во четврток, на 19 ноември во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион) со почеток во 12 часот.
На конференцијата ќе говори Марион Краске од Фондацијата Хајнрих Бел, директорка на регионалната канцеларија за БиХ, Северна Македонија и Албанија.
На листата на говорници се: Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, Илхан Рахман, заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците, проф. Мирјана Најчевска, како и претставници на други владини ресори, локалната самоуправа, невладиниот сектор и бизнис заедницата. На конференцијата ќе говорат и претставници на ЦИВИЛ, меѓу кои и Петрит Сарачини, медиумски експерт. Листата на говорници ќе биде отворена до среда, 18 ноември, 13 часот, до кога се очекува потврда и од други поканети говорнички и говорници.
Конференцијата ги опфаќа темите во областите на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, со посебен осврт на меѓусебната поврзаност и неделивост на овие области. Конференцијата е завршен настан на проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува со долгогодишните партнери на ЦИВИЛ, Фондацијата Хајнрих Бел.
ЦИВИЛ Тим за комуникации