Премиерот Зоран Заев по денешната средба Биљал Касами од Беса, изјави дека има големи шанси политчките субјекти да застанат зад заеднички кандидат за претседателските избори. Заев на Касами му го презентирал нивниот предлог, име кое било прифатливо за сите. Крајната одлука ќе се донесе на 3 март, за кога е закажан когресот на СДСМ.
„Добро е што разговаравме и ги слушнаа нашите аргументи. Сметам дека е достижно да се дојде до едно име, без разлика дали е маж или жена. Но одлуките ќе се носат врз основа на имињата и на кандидатите“, изјави Заев.
Касами, од друга страна рече дека се разгледувала можноста за заеднички кандидат, но нивната поддршка не е безусловна. Заев, на оваа изјава одговори дека не се работи за услов, туку за одбирање на кандидат што ќе работи во интерес на граѓаните, а би бил прифатлив за сите етнички заедници.
Останува отворена и можноста Беса самостојно, со свој кандидат, да настапува на претседателските избори.
Б. Ј.