Синоќа на протестот „За заедничка Македонија“ во Прилеп, во редот на граѓаните коишто се движеа низ центарот на градот, беа и камиони огромни, кои што пренесуваат мермерни блокови.
Ова секако предизвика голема реакција меѓу многу граѓани. Зашто колку што знаеме, вакви тешки товарни возила, не смеат да се движат низ град,бидејќи сериозно ги оштетуваат улиците, на кои што се создаваат ударни дупки. Но, најинтересно е тоа што протестот беше обезбеден со полициско присуство. Според тоа, многу е чудно, како како ниту полицијата не реагираше, не интервенираше. Затоа овие фотографии ви ги испраќам вам на ЦИВИЛ, со цел да се информира и целата македонска јавност, но и во знак на протест како граѓани, зашто имаме впечаток дека протестите веќе излегуваат од контрола, со ваквите чекори на власта.
Текст и фотографии: Рубин Секулоски