Грубо кршење на Изборниот законик во Штип

Граѓанската новинарка Симона Живкова од Штип при денешното гласање на болни и немоќни лица во едно избирачко место во Штип, Избирачкиот одбор направил грубо кршење на Изборниот законик, со повреда на тајноста на гласањето, како и на Упатството за гласање на немоќно или болно лице.

Согласно Упатството за гласање на немоќно или болно лице, немоќните и болните лица гласаат во својот дом, според местото на живеење. Општинската изборна комисија е должна да ги извести овластените претставници на овластениот подносител за времето и местото на гласање на немоќното лице и да им овозможи да го набљудуваат гласањето на овие лица. При гласањето на болното лице, треба да му се овозможи тајно гласање во неговата просторија.

Според граѓанската новинарка во конкретниот случај за време на гласањето, Избирачкиот одбор постапил спротивно законските  одредби. Овластениот претставник не бил повикан од страна на Избирачкиот одбор.

Покрај тоа, на гласачите не им биле овозможени услови за тајно гласање.

ЦИВИЛ Тим за комуникации