-Треба конечно да се напушти она ниво на прифаќање и одредување флоскули, односно, истите треба да се имплементираат во општеството како едни од најважните вредности за градење на цврсти темели, особено за новите генерации, затоа што токму тие разлики во цивилизациските вредности, во културата, во начинот на домашното воспитување, се еден вид на егзотика, и на тој начин всушност треба да гледаме на сите тие разлики, затоа што тие разлики, особено во уметноста, во креирањето на музичките производи, но и во културата, се нешта кои ни помагаат да ги прошириме нашите хоризонти, да стигнеме до една егзотика која на вистински начин ќе комуницира помеѓу креаторите и публиката, и на тој начин конечно да оствариме еден заеднички јазик, кој нема да се занимава со тоа кој на која етничка група припаѓа. Ниту пак некого ќе интересира зошто одредена група луѓе се однесуваат вака или онака, односно ќе се напушти таа потреба да се вперува прстот дека одредени прашања во општеството се всушност, заради тоа што одреден поединец, со одредено девијантно однесување,припаѓа на одредена етничка заедница вели пијанистката Дуња Иванова на панелот на ЦИВИЛ „Општествената одговорност на уметниците во промовирањето на европските вредности и почитувањето на различностите“.
Во Европа нема место за такви национал-шовинистички призвуци, и конечно, излегувањето од тие ровови, од тој примитивизам, ќе ни дозволи нам, и на нашите деца, да изградиме цврсти вредности во кои тие ќе уживаат, како фундамент на општеството. Сметам дека токму музиката, уметноста воопшто, и спортот, се најмоќното оружје за креирање на јавното мислење. Секако дека политичките лидери за жал, се уште ја имаат најголемата улога во овој сегмент, но сметам дека време е да се напушти сето тоа и дека конечно, уметноста ќе биде онаа која ќе им помогне на сите луѓе да се грижат за суштината, наместо за формата. Особено преку музиката како еден од највлијателните медуми, особено што во последно време и помеѓу помладите композитори, но и претставницитена средната генерација, веќе се осмелуваат да зборуваат преку музиката затоа што конечно, сфатија дека копањето во старите проблеми и одново актуелизирање на некакви примитивни вредности, не носи кон никаков прогрес.
Мислам дека треба сите да прифатиме дека различностите се егзотика и дека нема место за зборување, и како што рече г. Агим Пошка, навистина е смешно што ние се уште дебатираме и се разубедуваме на оваа тема.
Моќта кај уметниците и воопшто кај оние кои создаваат уметност, е да ги користат производите на културата како еден медиум. Да се обраќаа, да убедуваат, да корегираат девијантни појави во општеството, и да привлечат кон себе што повеќе публика која ќе им верува. Затоа што единствено на тој начин, затоа пто музиката какоуметност која комуницира најблиску и најдиректно со човекот, и не само преку сетилата, не само преку емоциите, затоа што пренесува силна содржина… Верувам дека е најмирољубивиот начин за разрешување на некои тешки општествени прашања.
Јас како музички изведувач, секогаш, и во минатото, и сега, сум музицираласо најразлични состав, дали тоа биле камерни или други оркестри, па дури и кога соработувам со одредени композитори, секогаш сакам да научам нешто поинакво, нешто ново, нешто различно од тоа што јас го перципирам. Меѓутоа, јас не можам да ги сведам тие разлики единствено на тоа дека некој припаѓа на некоја одредена етничка заедница, или се моли на овој или оној Бог, затоа што кога ние создаваме музика, за нас не постојат граници, за нас во тој момент е важна музичката форма , музичката содржина, и сите разлки кога ги споделуваме меѓу себе, всушност ни помагаат подобро да го разбереме делото, и истото да го споделиме со јавноста.
Мислам дека единствениот модус е да покажеме свој личен пример во секојдневниот живот, не само промоција на убаво срочени мисли и пораки, туку нешто што практично ќе го покажеме. Уметноста е најмоќниот медиум, и ако успееме еден човек да промениме во своите примитивни мислења и разлики кои се уште за жал постојат, мислам дека сме на правиот пат.
Дијана Тахири
Камера: Атанас Петровски
Фотографија: Горан Наумовски
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети