Корона не се фаќа на „патриотски“ протести

Викенд на протести на ВМРО-ДПМНЕ. Стотина жени од Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ (и по некој маж), во саботата пред Министерството за здравство упатија порака дека „жените не се статистика“ и побараа оставка од Владата и министерот за здравство Венко Филипче. Покрај пораките за „безбедна жена, безбедна иднина“, учесниците побараат да се одложи пописот, бидејќи според опозициската партија не треба да има попис со теренски посети во услови на Ковид-19.

Стотина жени, гушнати, стуткани, без растојание од 2 метри, меѓу другото побараа и да се одложи пописот, за да се избегне физички контакт со само еден/а попишувач/ка кој/а ќе ги посетува домаќинствата (со строго почитување на здравствените протоколи и заштита од ширење на пандемијата)… Логика?

Фото: Фејсбук профил на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ / (20.03.2021)

По протестот на Унијата на жени пред МЗ, вчера пред штипскиот затвор организираа протест и Патриотскиот Институт на ВМРО ДПМНЕ „Гоце Делчев“ и Унијата на млади сили, највувајќи ја „македонската пролет“ со протестот „Собирот за слобода“ на кој побараа слобода за осудените од 27 април.

Фото: Фејсбук профил на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ (21.03.2021)

Фото: Фејсбук профил на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ (21.03.2021)

Актуелната власт насилството во Собранието на 27 април го оценија како најцрниот период во независна Македонија.

Дали навистина опозициската партија е загрижена да не се одржува пописот со теренско попишување за да спречи ширење на Ковид-19, или тоа е само политичка игра за собирање на политички поени?

Нелогично е барањето на опозицијата да се одложи пописот за да нема физички контакт меѓу семејствата и попишувачите, а од друга страна потписите за одложување на пописот ги собираа со физичко присуство (а не електронски како што бараа целосно да се спроведе пописот). Протестите што ги организираа(т) се со физичко присуство (без одржување на растојание), а како што најавија дека следува „македонска пролет“ веројатно ќе има и нови протести…

Дехран Муратов