ЦИВИЛ го организира вториот регионален семинар „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“ посветен на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство за промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси што ќе се одржи во Прилеп, Градската библиотека „Борка Талески“, на 19 октомври, со почеток во 10 часот.
Новата серија на регионални семинари се во многу нешта различни од претходните триесетина вакви настани. Тие се уште подинамични и обработуваат богатство од теми што се соодветни на општествено-политичките состојби и процеси во земјата. Во секој случај, се работи за континуитет, бидејќи ЦИВИЛ останува и понатаму посветен на јакнење на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство со кои се промовираат транспарентни и одговорни политички процеси што ќе се одржуваат низ целата држава. Семинарите се дел од проектот Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси, финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред.
Доколку сте заинтересирани за учество на семинарот пополнете ја АПЛИКАЦИЈАТА ЗА УЧЕСТВО
Право на учество имаат апликантите од општините во Пелагонискиот плански регион: Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци и Долнени. Побрзајте и пријавете се!
Во пресрет на новите предизвици и проекти, ЦИВИЛ има потреба од проширување на својата соработничка мрежа со нови луѓе, волонтери и хонорарци. Еден од најдобрите начини за меѓусебно запознавање и почеток на соработка се семинарите во проектот на ЦИВИЛ „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“. Многумина што се повеќегодишни членови на проектните тимови на ЦИВИЛ, соработката ја започнале токму со семинар на ЦИВИЛ.
Првиот семинар „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“се одржа во Штип со учество на над 20 учеснички и учесници од источниот регион.
ЦИВИЛ Тим за комуникации