Сарачини: Слободата на изразување е и одговорност за слободата и правата на другите

ПЕТРИТ САРАЧИНИ, медиумски експерт

Слободата на изразување е постојана борба за заштита на јавниот интерес и човековите права од оние што сакаат да ги ограничат, поткопаат и обезвреднат.

Но слободата на изразување е и одговорност за слободата и правата на другите. Едното без другото не оди. Да ни е честит овој ден, потсетник дека слободата постојано мора да се освојува, да се чува и негува.

Токму како и љубовта.

Честит 3 мај, ден на слободата на медиумите, за сите луѓе кои ја сакаат слободата!


По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, сите содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ на овој ден се достапни за објавување според лиценцата Creative Commons 4.0.