Скерлев: Властите во многу земји се обидуваат да ги одбегнат „незгодните прашања“

ЖАНЕТА СКЕРЛЕВ, новинарка

Живеам во земја во која слободата на медиумите е на релативно високо место, ама сепак падна за две места – во Северна Ирска новинарите редовно добиваат закани, а никако да се формира здружение кое ќе се справува со тоа. А третманот на свиркачот Џулијан Асанж беше под секакво прифатливо ниво.

Во време на пандемија, уште поголема е важноста на медиумите – јавноста да дознава, а новинарите да бидат најважните контролори на власта.

Имам впечаток дека властите во многу земји се обидуваат да ја користат ситуацијата да ги одбегнат „незгодните прашања“.

Како на пример за неподготвеноста, несоодветноста, некадарноста… а да… и за Брегзитот.


По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, сите содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ на овој ден се достапни за објавување според лиценцата Creative Commons 4.0.