„Агенцијата за остварување на правата на заедниците веќе неколку пати годишно, посебно и до министерството за Информатичко општество, базирано врз нашите партиципативни форуми, кои се врста на дијалог помеѓу сите институции и критичкиот невладин сектор, издаде неколку препораки врзани да се промени состојбата со балансерот“ истакна Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“.
Јас би се сложил дека нашата држава има потреба од политики на позитивна дискриминација, но позитивната дискриминација не смее да прерасне во она што се вели чиста дискриминација. Правото на правична и соодветна застапеност произлегува од Рамковниот договор, и тоа начело е многу важно за нашето општество затоа што ние 70 години никако да дојдеме до тој момент и јас никако не би го потценил. Мислам дека е еден од клучните кохезивни елементи во нашето општество.
Но балансерот како алатка, за жал е една несреќна алатка која повеќе дискриминира отколку што помага, и јас сум сведок дека бројките се поправаат во позитивна смисла но секако дека тоа иде премногу споро, и секако дека балансерот денеска онаков каков што е, повеќе создава негативна приказна, отколку што помага да се дојде до правичната застапеност. Значи треба да се најде начин во кој, да се дојде до еден среден рок, тоа не може преку ноќ, за жал пропуштивме многу години претходно, да се дојде до тој момент да нашата јавна администрација да биде и правично и соодветно застапена. Ние имавме и еден одговор дека министерството за Информатичко општество, тогаш министер беше господинот Манчевски, ја усвои таа препорака, но некако заглави во изнаоѓање на нов момент во тој дел.
Се спомена пандемијата и таа нова реалност, Мерсиха од една страна повлече дека самата пандемија повлекла една линија и не вратила во некаков ист ред, но јас би сакал да потенцирам како и сите големи кризи, општествени,, глобални, секогаш најмногу се осеќаат, најмногу штета прават на оние кои се нај маргинализирани и најосетливи на било какви промени. Од една страна општеството успеа кај нас да одговори со солидарни политики, но од друга страна факт е дека самата пандемија успеа дополнително да ги направи оние разлики на дискриминација, особено на оние кои се најранливи. И таа дискриминација е не секогаш етничка, многу често е родова и често ги погодува најсиромашните, оние со инвалидитет итн. Постојат разни врсти на дискриминација и внатре во самите етнички кампуси. Така да и од таа димензија треба да се гледа дека за жал останува тука многу работа на тие полиња.
Имавме доста конструктивна средба со директорот во тој дел. Највеќе што фали во тие редакции е кадар и јавниот сервис бара да им се дозволат вработувања затоа што имаат средства, бидејќи не може да биде редакција на ромски јазик со еден вработен. Во тој дел кадарот е најпроблематичен, и еве еден апел да конечно се направат напори од сите чинители во општеството да јавниот сервис добие квалитетен кадар во делот на вработувања во сите редакции на заедниците. Но според вашето прашање, сакам од друг агол да кажам една потреба. Ако го исклучите јавниот сервис, со сите предизвици кои ги има во работата, ние навистина, останатите медиуми, не можеме да кажеме дека го задоволуваат тој мултиетнички елемент, односно програмите на јазиците на двете најмногубројни заедници, се некако програми кои се креираат сами за себе. Медиумскиот простор бара предизвик да креирате програма и да во нејзе едните учат за другите. И ако се прави емисија да кажеме за одредена етничка заедница, не е потребата да речеме бошњачката заедница да гледа само емисии за бошњачката заедница, туку напротив, таа емисија треба да ја видат сите останати. И обратно. Бошњачката заедница треба а види емисии квалитетно продуцирани и да научи нешто од културата на другите.
Тука е и предизвикот дека Република Северна Македонија е мал пазар медиумски, и дека особено приватните медиуми се во трка за гледаност и дел од медиумскиот колач и тука многу лесно се заборава тој момент. Вториот момент е и во информативните емисии, од информативен карактер. Секогаш кога се известува за одредени прашања гледаме дека многу често има доста сериозни грешки кога се известува за по малубројните заедници во тој дел. Едноставно трката за брзи вести, трката да се испродуцира брза вест, многу често и новинарот и медиумот ги доведува во незгодна ситуација без да го разберат етничкиот, општествениот, локалниот контекст на одредена заедница, без разлика дали е етничка, локална итн. Тоа се едни предизвици за кои сметам дека ке дојде време многу брзо да дебатираме кога ќе се нормализира состојбата со пандемијата.
Ние имаме среќа дека Македонија е мултикултурно општество и дека многу од луѓето, од она што како деца кога сме растеле сме го дознале, па и овој недостаток во медиумите не го осеќаме. Но луѓето кои професионално се бават со мониторинзи и со медиумските програми особено во приватните телевизии, ќе видите дека имаат сериозен проблем. Имаме неколку обиди за телевизии приватни кои продуцираат програма и на албански и на македонски. Се надевам дека ќе се појават и електронски и мејнстрим медиуми кои ќе продуцираат програми за по малубројните заедници.
Ирена Крџиќ
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска