Пред штабот на една политичка партија во општина Аеродром, кај Три Бисери, околу 19:15 минути, има поставено штанд каде што има пијалоци и има десетина граѓани, информираат од терен набљудувачите на ЦИВИЛ.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ги набљудува и архивира активностите на политичките субјекти во текот на изборниот молк кој што започна синоќа на полноќ.
„За изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми“, пишува во член 69-а од Изборниот законик.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ