Грчева со „кратки нозе“, повика на „дигање на клоци“, ЦИВИЛ објави, Грчева вели дека ЦИВИЛ ѝ се заканувал?!

И поранешната пратеничка Солза Грчева реагираше на изјавите на министерката Царовска за учебниците, со повици на насилство.

 

Во нејзин твит на 7 октомври, Грчева напиша:

„Мила ќе казнува ако во книжарници има учебници. Да не се разбудив во државата на Орвел или во Наци Германија? Овие  треба  на  клоци  да  се  дигнат.  Ми  се  гади,  се  срамам,  ги  презирам..и  ќе  ги  апсам  да  даде  Господ!“

Оваа содржина во која се повикува на насилство беше посочена од мониторинг тимот на Цивил и објавена од ЦИВИЛ Медиа.

Но, оваа објава каде се посочува повик на насилство беше протолкувана од Грчева како закана.

CivilMedia да престане да ми се заканува, бидејќи ќе барам Мила да ми покаже како изгледа за неа “дигитален учебник”. На мене, не на нив што немаат поим. Кој ќе одговара за уништени генерации, а?“, вели Грчева во твитот кој е очигледно реакција на објавената содржина од Цивилмедиа.  

Грчева која повика на насилство и дигање на клоци, одеднаш стана наводна жртва на непостоечка закана.

Оваа реакција на Грчева, кога не би била тажна, би била смешна. Наликува на народната приказна за волкот кој сакал да го изеде јагнето па го обвинил дека му ја мати водата. Се надеваме дека оваа поучна приказна ќе ја има и во новите дигитални учебници, од кои ќе учат децата.

Петрит Сарачини