Доколку сте сведоци на некаков проблем во вашата околина, доколку институциите се „глуви“ и „слепи“ за проблемите во вашата околина и сакате да побарате одговор од истите, тоа може да го направите преку граѓанскиот сајт .
Граѓанските новинар(к)и се тие кои прават промена, привлекуваат внимание и без страв известуваат и бараат одговори. Со вашите мобилни телефони можете да снимате, фотографирате или известувате за неправилности, корупција во институциите, несодветно извршување на работните задачи на државните избраници, дупки на патиштата, социјални теми, говор на омраза или насилство на протести, спортски натпревари, навредливи графити… кои потоа ќе бидат објавени на граѓанскиот сајт.
Прилозите во кои авторката/авторот сакаат да бидат анонимни, ќе бидат соодветно модификувани за да не го откријат нивниот идентитет. Но, мора да се запомни дека ЦИВИЛ мора да го знае идентитетот и контактот на автор(к)ите, како и на учесниците во настанот што се снима.
Граѓанското новинарство и активизмот го менуваат светот, посветено и храбро, тие ги разобличуваат коруптивните и насилничките автократски режими ширум светот и повикуваат на демократски промени за кои ЦИВИЛ им дава особено значење.
Д. Муратов