(Вовед, Ние сме медиумите, 2. дел)
Граѓански објектив е проект за транспарентни и одговорни политички процеси, преку поддршка и популаризација на граѓанското новинарство, јакнење на јавната свест, граѓанско образование и активизам на граѓанките и граѓаните за човекови права, слобода на изразување, демократија и слободни избори. Ова е проект кој обезбедува обука и можности за граѓаните да учествуваат, да набљудуваат и известуваат за настани кои им се важни ним, нивните локални заедници и процесите на локално и национално ниво. Овој проект прерасна во значајна алатка за граѓаните да ги потсетуваат властите и функционерите за нивната обврска да бидат транспарентни и одговорни.
Зад ЦИВИЛ се две успешни години на имплементација на проектот Граѓански објектив. Извршена е обука на стотици активни граѓанки и граѓани од различни профили и од сите заедници во земјата (преку 500 досега) за граѓанско новинарство, човекови права, медиумска писменост, мониторинг, како и за вештини за известување. Методологиите и пристапот, тестирани во проектот „Граѓански објектив“, исто така, се инкорпорирани и во други проекти на ЦИВИЛ.
Граѓанските новинари ширум светот имаат огромна моќ. Благодарение на достапната технологија и интернетот, тие имаат можност да ги откриваат злоупотребите на властодршците, како и да придонесат кон зајакнување на слободата на изразувањето. Ако до пред некое време моравме да чекаме корумпираните медиуми и уредници да објавуваат застрашувачки прилози за кршењето на човековите права, најчесто без успех, сега тоа можеме самите да го сториме, со помош на нашите паметни телефони и социјалните мрежи.
Денес, граѓанските новинари снимаат кратки видео записи со видливост што лесно го надминува тиражот на весниците или публиката што ги следи популарните телевизии. Соработката меѓу граѓанските организации и граѓан(к)ите е исклучително значајна. Граѓанските организации и граѓан(к)ите треба да станат едно. Како и секогаш, ЦИВИЛ се потпира на таа соработка со цел да дојде до информации и стории за она што навистина се случува во општеството. Иако ЦИВИЛ имаше само 300 набљудувачи на парламентарните избори во 2016 година, одѕивот што доаѓаше од целата земја и придонесот на граѓанските новинарки и новинари ја направија мисијата на ЦИВИЛ многу поголема и повлијателна. Изборното набљудување на ЦИВИЛ, исто како и следењето на состојбата на човековите права, претставува заедничка мисија на тимот на организацијата и големиот број активни граѓанки и граѓани, без оглед на нивната етничка, верска или политичка припадност или социјален статус.
Тимот на ЦИВИЛ, исто така, со гордост потврдува дека самата организација ја одразува Македонија со сета нејзина различност и ужива огромна доверба и поддршка од граѓан(к)ите низ целата земја. ЦИВИЛите ги вложуваат сите напори за да ја оправдаат таа доверба, секојдневно. Во овие стресни времиња за земјата и регионот, кога точноста на информациите е повеќе од потребна, информациите и прилозите се достапни токму поради храброста и посветеноста на граѓанските новинарки и новинари. Граѓанското новинарство се презентира и доближува до сите изборни Граѓанските новинарки и новинари придонесуваат кон создавање на слободни и независни медиуми и се залагаат за транспарентни и одговорни политички процеси во чувствителни времиња за земјата. 8 набљудувачи на ЦИВИЛ (300 набљудувачи беа акредитирани од страна на Државната изборна комисија за предвремените парламентарни избори во 2016). Тие беа поттикнати да ги користат овие вештини во текот на нивната работа како набљудувачи. Поттикнавме и голем број организации низ земјата да го следат успешниот пример на ЦИВИЛ, како и да ги советуваат своите членови да земат учество на семинарите за обука и другите активности во Граѓанското новинарство ги урна границите поставени од политичките и финансиските структури на моќ и отвори нова ера во ширењето на информации низ медиуми и општествени универзуми. Некои навистина го сторија тоа.
Некои медиуми во земјата, вклучувајќи ги и традиционалните, конечно ја разбраа вредноста на граѓанското новинарство како извор и како ресурс и ги вклучија на различни начини во нивното програмирање, вклучувајќи ги и оние слични на нашите. Овој проект, како што е случај и со други проекти на ЦИВИЛ, ги претставува напорите на организацијата успешно да интервенира таму каде што многу други не успеваат.
Една од причините за успехот на нашите проекти е вистинската и искрената посветеност на членовите на тимот на организацијата, сплотени како еден, да создадат и поддржат граѓански ориентиран медиумски ресурс за развој на демократското општество во кое се бара одговорност од политичарите и функционерите. Покрај тоа што стекнуваат нови вештини или развиваат нови, учесниците во проектот „Граѓански објектив“, исто така, добиваат можност да го подобрат своето знаење за човековите права, изборите и политичката култура, а имаат и можност да работат на терен, заедно со исклучително искусниот тим на ЦИВИЛ.
Некои од нив ги вклучуваме во тимот на ЦИВИЛ, додека многу од нив остануваат активни поддржувачи и членови на мониторинг тимовите низ целата земја, или се приклучуваат на други организации за да го пренесат единственото искуство на ЦИВИЛ.
БИТНО Е ДА СЕ РАЗБЕРЕ И ПРИФАТИ: Граѓанските новинарки и новинари придонесуваат кон создавање на слободни и независни медиуми и се залагаат за транспарентни и одговорни политички процеси во чувствителни времиња за земјата. Откако ЦИВИЛ го воведе граѓанското новинарство во следењето на човековите права и изборите, јавноста е алармирана, а исто така и прекршителите. Кршењето на човековите права и слободи не е повеќе невидливо - јавноста за тоа Кршењето на човековите права и слободи не е повеќе невидливо; јавноста за тоа може лесно и веднаш да дознае, преку прилозите на граѓанските новинари. 11 може лесно и веднаш да дознае, преку прилозите на граѓанските новинарки и новинари. Цензурата и самоцензурата станаа безвредни алатки на оние што сакаат да ги контролираат информациите и јавното мнение. Граѓанското новинарство ги урна границите поставени од политичките и финансиските структури на моќ и отвори нова ера во ширењето на информации низ медиумите и граѓанскиот простор. Доколку некој уредник одлучи да спречи објавување на одреден прилог, истата информација подготвена од активист може за неколку секунди да стане вирална.
Понатаму, традиционалните медиуми трпат многубројни пречки. Тие се побавни од граѓанските новинарки и новинари. Ова се должи на вистинскиот повик на медиумите да обезбедат висок квалитет и релевантност на медиумските содржини. Но, доцнењето е најчесто последица на сложените процедури и притисок. Активист (граѓански новинар) со паметен телефон во раката е осамен воин во интернет џунглата, ослободен од влијанија и притисок, изнесувајќи ги фактите и вистината на виделина. ЦИВИЛ го препозна моментумот и понуди уште една значајна предност во целата приказна.
Анонимноста е особено значајна за оние кои може да се соочаат со одмазда од работодавачите или насилните поединци и групи во заедницата. Во време кога институциите се сé уште нестабилни, а владеењето на правото е на кревки основи, прилозите на граѓанките и граѓаните кои се свесни и активни, претставуваат драгоцено средство за општеството и создаваат услови за учество на граѓаниките и граѓаните во процесот на донесување одлуки и развојот на демократијата како целина. Затоа што граѓанското учество не започнува со легислативна мерка, туку со вистински напор да се воведе како конзистентна и долготрајна политика и пракса!
This post is also available in: English