Граѓанскиот новинар Дејан Ристов, направи прилог за состојбата на зелениот пазар и условите во кои работат пазарџиите, минатата година во октомври. При тогашната посета на зелениот пазар во Велес и во разговор со пазарџиите, тој потврди дека состојбата не само што не е променета од 2013-та година наваму, туку е уште полоша.
„Наместо покриен зелен пазар, останаа празните ветувања на градоначалникот Славчо Чадиев, како потсетник за неоствареното“, беше заклучокот на Ристов.
„Бидејќи веќе сме во втората половина на 2017, во ек на изборната кампања, а актуелниот градоначалник ќе се обиде да остане на таа позиција по локалните избори, граѓанскиот новинар денеска направив фотографии од лице место, на пазарен ден во Велес, што ја илустрираат моменталната состојба на пазарот“ објасни граѓанскиот новинар Дејан Ристов.
This post is also available in: English