„Граѓански објектив“: Граѓанските новинари се насушна потреба!

На денешното доделување на наградите од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на ЦИВИЛ - Центар за слобода, десетмина граѓански новинари добија награди за своите вести, фотографиии видео прилози.  

„Сакам да ги охрабрам сите да почнат да снимаат и фотографираат, и ако тоа не им биде објавено во традиционалните медиуми,  доволно е да го споделат на социјалните мрежи, и ќе видат како силеџиите ќе бидат на местото што го заслужуваат. Граѓанските новинари се насушна потреба во Македонија“, изјави светски признатиот фоторепортер Ѓорѓи Личовски, чии фотографии беа дел од оние кои ја обележаа годинава во светски рамки, кој како еден од предавачите на семинарите што ЦИВИЛ ги организираше во состав на проектот „Граѓански објектив“, денес додели дел од наградите за граѓанските новинари и ја поздрави иницијативата за потикнување на граѓанските новинари.

13254119_967990946652708_1290728762801134738_n

Ѓоко Личовски

Марија Теговска од ЦИВИЛ, при доделувањето на наградите што се одржа денеска во хотелот „Опера Хаус“ во Скопје, рече дека граѓанските новинарки и новинари го водеа главниот збор во известувањето за текот на актуелните продемократски протести за правда, слобода и демократија ширум Македонија. „Затоа, не е ни чудно што тие го одбележаа и третиот циклус на натпреварот 'Биди граѓански новинар' и освоија поголем дел наградите за граѓански новинар(к)и“, рече Теговска.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=m9Z3ePi0irc[/youtube]

Претседателот на ЦИВИЛ Центар за слобода, Џабир Дерала потенцираше дека Македонија е најнеслободна земја во однос на слободата на медиумите.

xhd

Џабир Дерала, ЦИВИЛ

„Медиумската слика од ден на ден, се менува во целиот свет и медиумските бастиони ги замени мала направа (смарт телефонот). Граѓанските новинарки и новинари, тоа што го гледааат го снимаат или фотографираат и веднаш го објавуваат, без да водат сметка дали некого од власта ќе налутат, напротив дел од нив тоа и го прават, за да налутат некого“, рече Дерала.

Синиша Станковиќ, уредник на ЦИВИЛ Медиа на доделувањето на наградите истакна дека до изумирањето на традиционалните медиуми во Македонија дојде позабрзано од останатите земји, но за жал, не поради технолошките промени, туку поради притисоциte на власта, партизацијата на државата и опортунизмот на дел од сопствениците на медиумите кои поради политички рекет или лукративност, ја про(е)дадоа професијата.

DSC_0119

Синиша Станковиќ, ЦИВИЛ Медиа

„Во пет градови во Македонија одржавме пет дводневни семинари, имавме извонредни професионалци за предавачи, еминентни фоторепортери познати во светски рамки, активисти и борци за слобода, музичари, актери, режисери, новинари, писатели, дури и еден православен свештеник. Граѓански новинари се можеби непотребни во здрава, демократска средина, но во Македонија е неминовно нивното присуство, за да известуваат за вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Со нив и со Шарената револуција, можеби ќе ги надвладееме црнилата во државата“, додаде Станковиќ.

 

Граѓанската новинарка Христина Илијевска добитничката на една од вторите награди, рече при примањето на наградата дека по сторијата која беше објавена на порталите на ЦИВИЛ, на главникот лик - докторот кој јавно проговори за проблемите во здравството во Кочани и за притисоците што му се вршат затоа што е член на опозициска партија, веднаш му се јавиле од Агенцијата за вработување со прашање како можат да му излезат во пресрет.

DSC_0260

Христина Илијевска

Јане Мамучевски, добитник на една од третите награди изјави дека бил исфрлен од седницата на Општина Берово затоа што пишувал за проблемите со кои се соочуваат граѓаните и за несовесното работење на градоначалникот и на раководството на Општината.

DSC_0248

Јане Мамучевски

„Градоначалникот на општина Берово, Драги Наџински, на обезбедувањето му кажа: 'За ова ѓубре е забранет влез на седницата!'... Нема да ме заплашат ваквите работи, ќе продолжам професионално да си ја работам работата...“

Жири-комисијата на ЦИВИЛ - Центар за слобода ја сочинуваа Билјана Јордановска, Марија Теговска и Синиша Станковиќ, кои ги наградија следните автори и прилози пристигнаа во изминатиов период:

Четврто место, анонимен автор: „Реформи“ за планирање семејства: Граѓанките кои планираат бременост веднаш да го информираат лекарот!?

Четврто место, Силвана Митрева: „Младите си отидоа, партијата се вработи“

Четврто место, анонимен автор: „Притисоци врз невработени лица со заканувачки пораки“

Четврто место, Хадис Сулејман: „'Спонтано' чистење на пораките на ОК на ВМРО - ДПМНЕ - „Центар“

Трето место, анонимен автор: „Контра – протестот задоцни со поради доцнење на автобусите“

Трето место, Јане Мамучевски: „Градоначалникот на Берово му забранил пристап на новинар“

Второ место, Христина Илијева: „Притисок врз активист на опозицијата“

Второ место, Дејан Ристов: „Велес, 17 април 2016: Мафија на робија!“

Прво место, анонименавтор: „Злоупотреба на лични податоци во Битола“

Прво место, анонимен автор: „Протести во Македонија: Полициска акција, насилство и апсења во Скопје“

Целта на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ е јакнење на граѓанското новинарство во Република Македонија. Во информативниот мрак, кога десетици илјади граѓанки и граѓани кои протестираат и бараат демократија, правда и човекови права  придонесот на граѓанските новинар(к)и е историски.

Проектот „Граѓански објектив“  е финансиран од National Endowment for Democracy.

Дехран Муратов