Говор на омраза на Комитите: „Свинско за Рамазан“!

„Комитите“ со говор на омраза и навредливи пораки го одбележаа „Бадник“ (Коледе), со тоа што на ѕидот на една продавница во населбата Маџари напишаа: „Свинско за Рамазан“ и „шиптарски п...“, вели граѓанскиот новинар, Каној Шабан.

 

„Ова се нечесни и валкани дела на некои мои соседи, кој го отсликува нивниот неморал, неукост, вандализам, национална и верска провокација, за кое нема и не треба да има место во нашето општествено уредување. Се надевам дека оваа ќе стаса до релевантните државни органи и соодветно ќе превземат мерки за пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање!“, додава тој.

Д. М.

This post is also available in: English