Поранешниот директор на Македонската опера и балет (МОБ) и професор на ФМУ, и еден од тројцата организатори и водачи на протестите на „Четврт Илинден – За заедничка Македонија“, по вчерашниот твит што се однесува на недоличното однесување, односно пцовките на фудбалскиот репрезентативец Илија Несторовски на натпреварот со Лихтенштајн, односно, за реакциите по неговото однесување од страна на голем дел од јавноста, во коментарите се служи со експлицитен говор на омраза.
„ Што се запнавте за псовката на Несторовски, знам неколкумина што е*аа мамата на цела држава и ништо не им фали…“, напиша Дурловски
На твитот на Дурловски му одговара твитер профилот @eftelijanamajka: „Јас знам еден шо демолира собрание па влезе ко пратеник.“, алудирајќи учеството на Дурловски во упадот во Собранието на 27 април 2017 год., на што Дурловски продолжува со говор на омраза.
„Селективно знаеш, балистите шо запалија држава сеа газди ти се. И малку ви е бе племе северџанско“, одговори Дурловски.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ