Достоинствено и гордо, да излеземе сите – на слободни и демократски избори!

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Во недела е оној ден, кога суверените на земјата, газдите на државата, граѓанките и граѓаните на Северна Македонија, ќе изберат кому ќе му ја дадат довербата да раководи со институциите што треба да им овозможат достоинствен живот, подобар животен амбиент, услови за развој, напредок и подобра иднина.

 

Успешните газди се успешни затоа што знаат да изберат добар тим, посветени работници, кои влечат напред и редат успеси, за доброто на сите, и на сопствениците, и на вработените.

Да бидеме добри домаќини на нашите заеднички добра и заеднички дом, да го чуваме тоа што е стекнато со големи маки и жртви.

Да излеземе достоинствено, горди на слободата и демократијата што ги имаме, горди на генерациите пред нас што успеаја да изградат и да ни остават држава, и покрај сите предизвици.

Во недела, суверените, газдите, избираат. Да излеземе сите, да го демонстрираме нашиот суверенитет, на слободни и демократски избори!