Државмата комисија за спречување корупција денеска го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров. ДКСК прифати дел од приговорите на опозицијата се прифатени и веќе се процесуираат согласно предвидените рокови, додека претставките од граѓаните ќе одат во редовна постапка.
За два случаи ДКСК сè уште чекаат информации од МВР поради тоа што се класифицирани информации. На дненешната седница се донесе одлука за затворање на повеќе случаи во кои не е утврден непотизам, а кои се однесуваат на запослување на деца на функционери, како што е случајот со Бесјана Џафери, ќерка на Таљат, Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, Иљо Стојчевски сопруг на Мира Стојчевска, Надица Делкова сопруга на Тони Делков.